МК: Филозофски филмски фестивал со „Небото над Берлин“

Во Кинотеката вечер ќе биде отворен 9. Филозофски филмски фестивал (ФФФ) со „Небото над Берлин“ од Вим Вендерс во ревијалната програма, заедно со излагање на тема „Патувањето како потрага по нашиот идентитет“ на Марјан Вујовиќ од Југословенската кинотека во Белград.

Во рамките на Фестивалот, кој  нуди поинаква перспектива на гледањето филм зашто ја истражува трансдисциплинарната област од пресекот меѓу седмата уметност и филозофијата, до 16 мај ќе бидат прикажани 40-ина филмови. На ФФФ има две натпреварувачки програми – за долгометражен филм и за краток филм. За двете натпреварувачки програми ќе бидат доделени по две награди „Златен був“ – од жирито и од публиката.

Во ревијалната програма се седум филмови за кои ќе има тематски излагања и богата придружна програма. Официјално. ФФФ ќе заврши на 16 мај. Дел од филмовите од годинашниот фестивал од 20 до 23 мај ќе бидат прикажани и во Штип, Свети Николе, Прилеп и Битола.

Извор: Министерство за култура