МK: Изложба на Владимир Темков во Прилеп

Во ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва (28 март) во 19.00 часот ќе биде отворена изложба на дела од м-р Владимир Темков, кој пред публиката ќе се претстави со 28 дела (слики). Изложбата ќе биде отворена до 10 април 2019.

Владимир Темков е роден е во Кавадарци во 1959 година. Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности завршува во Скопје, каде и магистрира. Реализирал бројни самостојни изложби во земјата и во странство, а бил дел и од голем број на групни претставувања.

Извор: Министерство за  култура

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *