МК: Консултации за лицата заинтересирани за полагање на лекторскиот испит

Во согласност со член 3 став 2 од Правилникот за начинот на полагањето на испитот за добивање лекторска лиценца и за Програмата за испитот, Комисијата за полагање испит за лектор определи термини за консултации за април 2019 г. за лицата заинтересирани за полагање на лекторскиот испит.

Членовите на Комисијата за полагање испит за лектор во определените термини ќе бидат достапни во нивните кабинети.

Термини за консултации:

  • проф. д-р Искра Пановска-Димкова (Филолошки факултет): 10.4.2019 г., 11:30-12:30 ч.
  • проф. д-р Симон Саздов (Филолошки факултет): 8.4.2019 г., 12:00-13:00 ч.
  • проф. д-р Катица Трајкова (Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“):
  • 12.4.2019 г., 11:00-12:00 часот

Извор: Министерство за култура

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *