МК: Лазовски се сретна со амбасадорката на Канада – Чаба

Заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, на ден 15.05.2019 година се сретна со амбасадорката на Канада акредитирана за Македонија, од Амбасадата со седиште во Белград, Кати Чаба.

На средбата беше разговарано за билатералните односи во културата и уметноста меѓу двете земји, како и за фактот што Северна Македонија има голема македонска заедница во Канада и за потребата од унапредување и усовршување на односите во сферата на културата.

Заменик-министерот Лазовски и Н.Е. Чаба зборуваа за досегашната соработка која редовно се остварува во областа на филмот, литературата и во музичко-сценската дејност. Особен акцент на средбата беше ставен на одбележувањето на Денот на Канада, планиран за наесен во нашата земја.

Извор: Министерство за култура