МК: Летонската виолинистка Баиба Скриде – солист на концертот на Филхармонијата

На вечерашниот симфониски концерт „Нов свет“ на Филхармонијата солист ќе биде врвната виолинистка Баиба Скриде од Летонија. Диригент е Јерухам Шаровски од Израел, а на коцертната програма ќе биде Симфонијата бр. 9 „Од новиот свет“ од Антонин Дворжак.

За македонската публика Скриде ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр. 1 во а-мол оп. 77 од Дмитриј Шостакович, кој рускиот композитор го посветил на познатиот виолинист Давид Ојстрах.

Баиба Скриде е родена во музичко семејство во Рига каде што и ги започнала студиите. Во 2001 година ја освои првата награда на натпреварот „Кралица Елизабета“. Свири виолина „страдивариус“. Реномирана е и како камерен музичар на светско ниво, а зад себе има и богата дискографија.

Извор: Министерство за култура