МК: „Македонски монолог” – избор поезија од Гане Тодоровски на руски

Насловена „Македонски монолог” деновиве во Москва излезе од печат избор поезиjа од великанот на македонската поезија академик Гане Тодоровски во препев на руски.

Книгата содржи над 50 лирски единици и е билингвална, а ја објави реномирана руска издавачка куќа од Москва, на инициjатива од Олга Панкина коjа jа состави, преведе и подготви за печатење.

Книгата излегува од печат во годината кога се одбележува 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашата држава и Руската Федерација, а Гане Тодоровски беше прв македонски амбасадор во Руската Федерација. Поетската збирка ќе биде промовирана во Москва на 14 маj во рамките на проектот „Читај ја Македонија”.

Извор: Министерство за култура