МК: Меѓународна конференција на библиотекари во Крушево

„Влези во дигитален свет“ е насловена Меѓународната конференција на библиотекари, иноватори и креативци која во организација на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје од денеска до недела се одржува во Крушево.

На конференцијата повеќе од сто библиотекари од земјава, како и од Србија, Бугарија и Германија, ќе дискутираат на тема „Насоки за дигитализација на културното наследство во библиотеките“.

Во рамките на конференцијата ќе има и две работилници: „Гемификација во библиотеките“  и „Стратешките принципи и цели на дигитализацијата“ со предавачи од Србија и Германија.

Искуствата и знаењата од конференцијата ќе бидат архивирани и ќе послужат за идни обуки на сите вработени во институциите чија задача е дигитализирање на културното наследство.

Извор: Министерство за култура