МК: Работна посета на Националната установа „Спомен-куќа на Мајка Тереза“

Министерот за култура Асаф Адеми на 09.04.2019 година оствари работна посета на Националната установа „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, посветена на светицата Мајка Тереза.

Во рамките на посетата, директорот Ариан Асланај го запозна министерот Адеми со активностите на оваа национална музејска установа, која годинава одбележува значаен јубилеј – 10 години од своето постоење, како и со проектите што се реализираат со поддршка од Министерството за култура.

Во тој контекст, директорот Асланај информираше дека во музејот, кој е еден од најпосетените во градот, е поставено ново осветлување, а во завршна фаза е и реконципирањето на постојаната поставка, која ќе биде збогатена со нови фотографии, оригинални документи и артефакти поврзани со животот и делото на големата хуманистка и добротворка Мајка Тереза.

Министерот Адеми беше запознаен и со текот на подготовките на оваа установа за претстојната посета на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, првиот папа што ќе ја посети нашата земја.

Извор: Министерство за култура