МК: „Мој термин“ премиера во МНТ

На малата сцена на Македонскиот народен театар утре, со почеток во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Мој термин“, работена по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во режија на Синиша Евтимов.

Во претставата настапуваат актерите: Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски. Преводот е на Благоја Бошковски, извршен продуцент Виктор Рубен, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите на Александар Ношпал, а дизајнер на маските е Горан Игњатовски.

Претставата е дел од Програмата за 2019 година поддржана од Министерството за култура. Следните изведби се на 17-ти, 27-ми и 29-ти мај.

Извор: Министерство за култура