МК: Одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право во Битола

Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола денеска го одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право.

Во рамките на програмските активности, кои ќе се одвиваат три дена, ќе се одржат:  манифестацијата „Книги кои гледаат“ посветена на лица со целосно или делумно оштетен вид; изложба на книги од Мигел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Никола Бувие и Хорхе Луис Борхес; работилница за млади со наслов „Патување“; како и промоција на книга прирачник од авторите Валентина Дојчиновска-Илиоска, Наташа Бундовска и Софче Марковиќ.

Идејата за одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право потекнува од Каталонија каде што на 23  април, денот на католичкиот празник „Св. Јурја“, традиционално се подарува роза за секоја подарена книга, традиција која трае речиси 100 години. Се смета дека овој датум е избран и затоа што на 23 април починале и великаните на светската книжевност –Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир.

Извор: Министерството за култура