МК: Омаж на еден од најголемите европски и светски режисери, Рајко Грлиќ

Во Кинотеката  од 31 мај до 4 јуни ќе се одржи омаж на еден од најголемите европски и светски режисери, Рајко Грлиќ. Тој ќе биде лично присутен на сите  проекции, додека на 3 јуни во просториите на Факултетот за драмски уметности ќе одржи мастер клас со почеток во 10:30 часот.

Омажот почнува со проекција на „Само еднаш се љуби“ на 31 мај во 20 часот. Филмот учествувал на Канскиот фестивал во 1981 година, а Мики Манојловиќ на фестивалот во Валенсија ја освоил наградата за најдобра машка улога.

Грлиќ се школувал на прочуената филмска школа ФАМУ во Прага, Чешка, Како режисер и косценарист има потпишано 11 долгометражни играни филмови, a во неговата филмографија има и долгометражни документарни филмови во кои е режисер и косценарист, како и играни филмови, телевизиски серии и филмови во кои е косценарист или продуцент. Грлиќ досега потпишал и десетина краткометражни играни и документарни наслови.

 

Извор: Министерство за  култура