МК: Операта „Боеми“ на Мајски оперски вечери

Во рамките на 47-то издание на манифестацијата „Мајски оперски вечери“ вечерва (22 мај) со почеток во 20 часот ќе биде изведено оперското ремек-дело „Боеми“ од Џакомо Пучини.

Операта e во четири чина, а дејството се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а либрето се базира на „Сцени од животот на боемите” на Хенри Мургер. Диригент е Оливер Балабурски, а режисер е: Дејан Прошев. Во улогата на Родолфо ќе настапи познатиот тенор Иван Момиров од Бугарија.

Цветелина Василева од Бугарија, која има богата музичка кариера настапувајќи низ најпрестижните оперски куќи како што се Метрополитен во Њујорк, Кралската опера „Ковент Гарден“, Државната опера на Берлин и многу други низ целиот свет, со својот лирско – драмски сопран ќе ја изведе улогатана Мими.

Валдис Јансонс од Латвија ќе настапи како Марчело, Андреа Ѕаупа од Италија во улогата на Шонар, додека Музета ќе ја толкува Катерина Стојановска, а Владимир Саздовски ќе ја игра улогата на Колин.

Извор: Министерството за култура