МК: Познатиот пијанист Березовски со два концерта во Филхармонија

Познатиот руски пијанист Борис Березовски денеска и утре ќе настапи во Филхармонијата. Виртуозот на пијаното, кој е меѓу најбараните современи солисти, вечер од 20 часот во камерната сала ќе има рецитал со изведба на дела од Шуман, Балакирјев и Григ.

Заедно со него ќе настапат и македонски уметници – виолинистите Ана Кондратенко и Владимир Костов, Бојан Талески  – виола и Александар Котевски – виолончело.

Березовски ќе настапи и утревечер од 20 часот како солист со Филхармонијата на симфонискиот концерт насловен „Кодот на Березовски“. Ќе изведе два концерта за пијано и оркестар едноподруго, кога ќе биде и самиот диригент – Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Сергеј Прокофјев и Концерт за пијано и оркестар бр. 2 од Дмитриј Шостакович.

На втората концертна вечер Березовски ќе ја изведе и Симфонија бр. 2 од Александар Бородин, под водство на  младиот диригент со меѓународна кариера Виктор Митревски.

 

Извор: Министерство за култура