МК: Премиера на претставата за деца „Том Соер“

„ Том Соер“ е новата претстава на Театарот за деца и младинци  во режија на Деан Дамјановски која премиерно ќе се одигра денес во 19 часот.

Претставата  во режија на Деан Дамјановски е работена по текст на Горјан Милошевски, а настапуваат Бојан Кирковски, Мики Анчевски, Драган Довлев, Емра Куртишовска.

Според режисерот, Том Соер е идол на генерации на деца кој не потсетува дека во секој од нас лежи еден херој и дека се што треба за да го разбудиме е да веруваме во себеси.

– Ова е претстава за „малиот голем човек“ Том Соер, херојот на измисленото гратче Сејнт Питерсбург во Америка. Тој со помошта на својата остроумност и пргавост и се разбира, со помошта на своите пријатели Хаклбери Фин и Бен Роџерс, успева: да ја бојадиса оградата без да помрдне ниту прст, да ја заведе Ејми Лоренс, да ја освои убавата Беки Тачер, да го спаси од бесилка Маф Потер, да го надмудри Вајлд Џо и да го спаси богатството на вдовицата Даглас, кое ќе биде искористено за да се изгради дом за деца без родители.

Со тоа, нашиот симпатичен херој ја добива наклоноста на Тетка Поли, Сид, Шерифот и неговиот помошник Џеремаја, Судијата Тачер, како и на целото гратче Сејнт Питерсбург, вели Дамјановски. Претставата исто така ќе биде изведена и на 16 и 23 мај во 19 часот.

Извор: Министерство за култура