МК: Преставата „Каде е пиштолот?“ во Центарот за култура во Охрид

По повод светскиот ден на театарот, утревечер (27 март) во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид  ќе биде изведена преставата „Каде е пиштолот?“ од унгарски автор Габор Ѓоргеј во режија на Дејана Николовска.

Во претставата настапуваат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски. Сценограф, костимограф и дизајн на светло е Милена Пантелеева.

-„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието, стои во најавата за претставата.

Извор: Министерство  за култура

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *