МК: Претстава во рамките на „Танц фест 2019“

Во Македонскиот народен театар (9 април) со почеток во 20:00 часот, во рамките на јубилејното издание на „Танц Фест 2019“, ќе биде прикажана претставата од Ротердам, Холандија насловена „Таленти во Движење“.

Програмата се состои од осум кратки кореографии на светски кореографски имиња, кои ќе ги изведат млади таленти, танчари од Кодартс универзитетот во Холандија, еден од најпрестижните универзитети за танц и музика во Европа. Гостувањето е поддржано од Амбасадата на Кралството Холандија во нашата земја.

Извор: Министерство за култура