МК: „Субверзија во црвено “ претставен на 58 Биенале на уметноста во Венеција

Во палатата Рота Иванчич во центарот на Венеција, во присуство на голем број гости беше претставен проектот „Субверзија во црвено “ со кој ликовната уметница Нада Прља ја претставува нашата земја на 58. Биенале на уметноста во Венеција.

Проектот „ Субверзија во црвено“ распореден во 6 простории, во прекрасниот објект од 17 век туристите и граѓаните во Венеција ќе можат да го видат до 24 ноември.

Проектот „Субверзија во црвено“ почива на постоечката историска материја, почнувајќи од општествено-политичките услови на 20 век и се до културолошките моменти на современата историја. Историските моменти се преработени со екпериментирање и адаптирање, со што се создава нов и единствен израз.

Проектот на овој начин ја стимулира потрагата по нови облици на општествено-политичкото организирање со ревидирање на одредени минати концепти и општествени модели, поттикнувајќи нови облици на делување на уметниците и бришејќи ги границите на учесници во општеството и на културното поле.

Генерална тема на 58. Интернационална ликовна изложба – Венециско биенале е: „Може да живееш во интересни времиња“, која ја утврди кураторот Ралф Ругоф.

Извор: Министерство за култура