MK: Вечер на соло песни со бас-баритонот Милан Силјанов

„Вечер на соло песни“ е насловен рециталот на вокалниот солист, бас-баритонот Милан Силјанов, кој подолго време е активен на европските музички сцени.

Од 20 часот тој ќе настапи во камерната сала на Филхармонијата, заедно со пијанистката Нино Чоконелидзе од Грузија. Силјанов студирал на Високата школа за уметности во Цирих и се усовршувал во познатата школа за музика и драма „Гилхол“ во Лондон, на отсекот опера, под менторство на проф.Рудолф Пјерне.

Добитник е на значајни награди и признанија и соработник со светски познати диригенти. Силјанов членува во ансамблот на Баварската државна опера во Минхен.

Извор: Министерство за култура