МК: Врачена наградата „Рациновото признание“ за 2020

На свеченото затворање на годинешните  „Рацинови средби“, на истакнатиот македонски писател и есеист му беше врачено „Рациновото признание“ за оваа година, награда што Османли ја доби за  прозното остварување „Парадоксикон“ .

Заблагодарувајќи се, Османли кажа:„ Почестен сум што станав носител на нашeтo врвно литературно признание кое се доделува, еве безмалку шест децении, а го носи светлото име на Коста Солев – Рацин, еден од мугрените предвесници на современата македонска литература и, безостатно и несомнено, на идејата на современата македонска демократска државност уште од времињата кога таа се војувала саможртвено, со највисоки идеали, со борба, со крв, со мечта и со песна.

Извор: Министерство за култура