МК: Заменик-министерот Лазовски го посети 31. Саем на книгата

Заменик-министерот за култура Владимир Лазовски на ден 10.05.2019 година го посети 31. Саем на книгата што се одржува во ВИП арената „Борис Трајковски“, манифестација чиј покровител е Министерството за култура кое традиционално ги поддржува издавачите обезбедувајќи им услови за своја афирмација и промоција.

Годинешното издание на Саемот на книгата, кое е посетено од голем број домашни и странски издавачи, љубители на книгата,автори, и каде што секојдневно се одржуваат бројни промоции и средби со домашни и странски автори, се отвори на 8 мај, а трае до 14 мај.

Земја во фокусот е Унгарија, а учество земаа 60-тина издавачи од земјава и од странство.

Извор: Министерство за култура