МЛС: 5 милиони евра од ЕУ и 1 милион евра национално кофинансирање за проекти во општините

Дејвид Гир, амбасадорoт на Европската Унија, Горан Милевски, министерот за локална самоуправа и Петре Шилегов, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје официјално го означија отворањето на повикот за предлог-проекти “ЕУ за општините”.

За финансирање на проектите 5 милиони евра обезбедува ЕУ, а националното кофинансирање ќе се обезбеди преку Министерството за локална самоуправа.

Повикот е отворен до 30 декември. 

Линк до повикот: https://bit.ly/2TuymgY

Извор: Министерство за локална самоуправа