МЛС: Идејни проекти за прекугранична соработка помеѓу со Албанија

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу на ден 10.06.2019 година учествуваше на информативната средба за промоција на процесот на консултации за идентификување на идеи за стратешки проекти во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија во рамките на инструментот за претпристапна помош ИПА 2014-2020. На овој настан присуствуваше и г.Никола Бертолини раководител за соработка на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Министерот Фазлиу ги поздрави присутните истакнувајќи дека оваа средна е една од четирите планирани, кои се очекува да бидат од голема помош на оперативните структури на двете земји kaко и за заинтересираните субјекти кои треба да поднесат квалитетен проект или повеќе проекти во рамките на оваа програма. Активностите веќе се во напредна фаза така што сега се наоѓаме пред донесување на одлуки за изнајдување на вистински идеи за проекти кои навистина ќе бидат во интерес на сите, рече министерот Фазлиу.

-Во Програмата за прекугранична соработка на Северна Македонија и Албанија на располагање имаме 4 930 000 евра. Дали сите средства ќе бидат апсорбирани за реализација на еден или два стратешки проекти ќе зависи од проектните идеи кои што ќе можат да се доставувуваат до 1-ви август годинава. Треба да се има предвид дека овој јавен повик е различен од претходните два, затоа што станува збор за стратешки проект, што значи дека со неговата реализација ќе се одговори на потребите на поголема популација. Во таа смисла проектот треба да биде од национално или пак од регионално значење. Тематските области се широки, што остава простор за голем број на различни проектни идеи. Важно е тие да произлегуваат од реалните потреби на граѓаните и да бидат идентификувани во широк консултативен процес, истакна меѓу другото министерот Фазлиу.

Инаку, со оглед дека со оваа Програма во земјава се опфатени пелагонискиот, полошкиот и југозападниот регион, а во Албанија регионите на Корча, Елбасан и Дибра, стратешкиот проект, територијално, би требало да биде имплементиран во тие рамки и да решава проблем на граѓаните кои што живеат во тие плански региони. Според критериумите проектните идеи треба да се однесуваат на поттикнување на туризмот и заштита на културното и природното наследство, зајакнување на конкурентноста, бизнисот, трговијата и инвестициите, и заштита на животната средина.

Министерот Фазлиу во ова прилика ги повика сите заинтересирани субјекти, вклучително и институциите да покажат интерес и да понудат проектни идеи за решавање на суштински и приоритетни прашања во овој пограничен регион, што ќе има директно влијание на неговиот развој и на квалитетот на живеење на граѓаните а на оперативните структури на двете земји и посака успех во идните планирани активности.

Извор: Министерството за локална самоуправа