МЛС: Павлески во посета на Виница

Заменикот министер за локална самоуправа Павлески на ден 19.04.2019 година оствари работен состанок со градоначалникот на Виница, г-дин Ивица Димитров.

На средбата се разговараше за тековните активности и плановите на општината, за поддршката од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за рамномерен регионален развој, како и за можностите за реализација на проекти преку останатите програми на Владата.

Изградба на водоводна линија во с.Блатец и подготовка на техничка документација за фекална канализација за с.Липец, се двата проекти за кои општината очекува подршка од Министерството за Локална Самоуправа, преку Програмата за рамномерен регионален развој, а кои се во фаза на оценување.

“Буџетот на програмата за Рамномерен регионален развој е за двапати поголем од пред 2 години, или вкупно 7 милиони евра треба да ги добијат општините и тоа преку изработка и аплицирање со регионални проекти, проекти за развој на подрачја со специфични потреби и проекти за развој на селата. Крајната цел е зајакнување на капацитетите на општините, подобрување на  услугите за граѓаните, а со тоа и обезбедување на поквалитетен живот на граѓаните’’, истакна заменикот министер Павлески.

Извор: Министерство за локална самоуправа