МНР: Димитров ќе престојува во работна посета на Хаг, Кралство Холандија

На 24 и 25 април 2019 година, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров ќе престојува во работна посета на Хаг, Кралство Холандија.

Во рамките на посетата министерот Димитров ќе оствари средби со холандскиот МНР Стеф Блок, како и со други релевантни соговорници, меѓу кои, претставници на Канцеларијата на холандскиот премиер, на Министерството за надворешни работи и членови на Парламентот.

МНР Димитров ќе има обраќање и пред парламентарниот Комитет за европски прашања каде ќе го презентира напредокот на Република Северна Македонија во изминатиот период и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, во пресрет на овогодинешниот Совет на Европската Унија во јуни.

Извор: Министерството за надворешни работи