МНР: Димитров на работна средба со новоименуваниот координатор на ОН

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, оствари средба со новоименуваниот Резидентен координатор на ОН во Република Северна Македонија, г-ѓа Росана Дудзиак.

Изразувајќи задоволство и благодарност за ангажманот на Канцеларијата на Резидентниот координатор на ОН, министерот Димитров, како особено важна ја апострофираше соработката во областа на продуктивното вработување, намалувањето на невработеноста и сиромаштијата, инклузијата на социјално ранливи групи, родовата еднаквост, јакнењето на институциите, животната средина и климатските промени.

Тема на разговор беа и унапредувањето на целокупната соработка со канцеларијата на Резидентниот координатор на ОН во Скопје, како и имплементацијата на постоечките проекти во Република Северна Македонија.

Извор: Министерство за надворешни работи