МНР: Димитров во дводневна посета на Берлин

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров ќе престојува во дводневна работна посета на Берлин.

Во рамки на посетата Министерот ќе учествува на настан во германскиот Бундестаг „Западен Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“, организиран од парламентарните групи на Зелените и на германската секција на Унијата на Европските Федералисти, во која членуваат пратеници од четири политички партии – ЦДУ/ЦСУ, Социјал-демократи, Зелените и Либералите.

Покрај тоа, министерот Димитров ќе се сретне со пратеници во Германскиот парламент на кои ќе им го презентира напредокот на Република Северна Македонија и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори во ЕУ.

Програмата на посетата опфаќа и средби со други релевантни соговорници од Министерството за надворешни работи и други владини претставници.

Извор: Министерство за надворешни работи