МНР: ДС Виктор Димовски оствари средба со студентите на Факултетот за безбедност

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија Виктор Димовски на 2 април 2019 година оствари средба со студентите на Факултетот за безбедност од Скопје. 

На средбата, која се одржа во рамките на востановената практика за отвореност во комуникацијата со граѓаните, Димовски се осврна на прашањето на значењето на дипломатијата во контекст на меѓународната безбедност. Притоа, стави акцент на придобивките од ангажманот на македонската дипломатија на планот на затворањето на долгогодишните спорови со соседните земји во функција на отворање на европската и евроатланската перспектива на земјата. Ваквиот иден развој на настаните, членството во НАТО и отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ ќе овозможат зајакната безбедност на национален и регионален план и отворање перспективи за забрзан економски развој.

Димовски одговараше и на прашања на студентите кои пројавија интерес за допирните точки меѓу безбедноста и дипломатијата, за актуелните меѓународни случувања и за односите на нашата земја со земјите од непосредното и поширокото соседство, како и со некои од релевантните актери на меѓународен план.

Извор: Министерство за надворешни работи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *