МНР: Средба на ЗМНР Исаки со амбасадорите од земјите на Вишеградската група

Вчера, ЗМНР Исаки оствари средба со амбасадорите од земјите на Вишеградската група (Полска, Чешка, Словачка и Унгарија) во Северна Македонија.

На состанокот се разговараше за соработката на Меѓународниот Вишеград Фонд со Фондот за Западен Балкна кој е со седиште во Тирана, како и за политичката агенда на  соработката на земјите од Регионот со Вишеградската група.

Амбасадорите ја реафирамираа поддршката на земјите од Вишеградската група на Фондот за Западен Блакан, особено што истиот е инспириран и формиран по моделот на Меѓународниот Вишеград Фонд. Препорачаа да се зајакне сопственоста на земјите од Западен Балкан врз активностите на фондот, преку зголемување на финансиските контрибуции и зголемен обем на проектна активност.

ЗМНР Исаки се заблагодари на досегашна силна поддршка на Вишегрдската група на европската перспектива на Регионот. Таа истакна дека Северна Македонија од наредната година претседава со Фондот и има амбиции во рамките на своето претседателство да се зголеми неговата видливост и да се оствари реализација на зголемен број на проекти. “Искуството на работата на Меѓународниот Вишеград Фонд е непроценливо во дизајнирањето на активностите на Фондот за Западен Балкан и сметаме на натамошна силна поддршка од земјите на Вишеград групата“- истакна  ЗМНР Исаки.

Во продолжение на состанокот  се разговараше за јакнење на политичкиот дијалог меѓу  земјите на Западен Балкан и Вишеград групата. Во првата половина на 2021 година се планираат настани на министерско и премиерско ниво. Во таа насока се договори  интензивна соработка и координација за темите и прашањата кои ќе се дискутираат на  овие состаноци.

Извор: Министерство за надворешни работи