МО: Државниот секретар Николиќ на работен состанок во седиштето на НАТО во Брисел

Во Брисел на ден 04.06.2019 година се одржаа последните ПАРП мултилатерални консултации помеѓу НАТО и Република Северна Македонија, пред станување полноправна членка.

Делегацијата од Република Северна Македонија ја предводеше државниот секретар во Министерството за одбрана г-дин Драган Николиќ и началникот на Генералштабот генерал потполковник Васко Ѓурчиновски. На состанокот предмет на разгледување беше анализа на постигнатиот напредок во развојот на системот за одбрана на Република Северна Македонија согласно стандардите на Алијансата.

Пред Комитетот на НАТО за партнерства и кооперативна безбедност државниот секретар Николиќ информираше за постигнатиот напредок на патот кон НАТО и процесот на имплементација на Стратегискиот одбранбен преглед 2018.

Сојузниците го поздравија напредокот на земјата на патот кон НАТО, како и храброста која ја демонстрира во справување со ситепредизвици на патот кон полноправно членство во северноатлантското семејство.

Добредојдовте во НАТО! – порачаа земјите членки на крајот од состанокот.

 

Извор: Министерство за одбрана