МОН: Повик за апликации на Европската комисија за стручно образование и обука

Европската комисија – Директорат за образование, млади, спорт и култура објавува јавен повик за апликации за мобилност во стручното образование и обука. Главната цел на овој пилот повик е да придонесе кон подобрување и модернизација на системите за стручно образование и обука во земјите кандидатки за членство во ЕУ и Африка, како и да ја зајакне врската помеѓу стручното образование и пазарот на трудот. 

Подетално, целта на овој повик е да се зајакнат капацитетите на провајдерите на стручно образование и обука во земјите кандидатки за членство во ЕУ (лот 1) и Африка (лот 2) преку промовирање на активности за мобилност во насока на подобрување на вештините и компетенциите на наставниците од стручно образование и обука,  учениците, учесниците, менаџерите како и подобрување на перспективите за работа на младите студенти.

 Вид на активности кои се подобни во рамки на овој повик за Лот 1:- Мерки за мобилност кои вклучуваат идентификација на таргет група на вработени, менаџери и ученици, подготовка на програми за обука со очекувани резултати од учење и селекција на учесници
 Активности за мобилност како:
o Мобилност на ученици во провајдери на стручно образование и обука и/или компании во странство од 2 недели до најмногу 3 месеци
o Подолгорочна мобилност на ученици во провајдери на стручно образование и обука и/или компании во странство (Еразмус Pro-type mobility 13) од 3 до 12 месеци
– Мобилност на кадарот, вклучително:

  •   Предавање /обука во странство – оваа активност им овозможува на вработените во провајдерите за стручно образование и обука да предаваат во партнер провајдер во странство. Исто така им овозможува и на вработените во компанија да држат обука кај провајдер за стручно образование и обука во странство
  •   Обука на кадарот во странство – со оваа активност се поддржува професионалниот развој на наставниците за стручно образование и обука преку упатување на работа или опсервација во компанија или кај друг провајдер за стручно образование и обука во странство
  •   Времетрањето на мобилноста на кадарот за оваа намена зависи од типот на активноста и е ограничена до најмногу 3 месеци

– Активностите за мобилност ќе се фокусираат на ученици и кадарот кои пристигнуваат во ЕУ, а не заминуваат од ЕУ (што ќе биде ограничено само за кадарот)
  Мобилност за целите на обуки и дообуки ќе бидат ограничени само за вработени од земјите кои не се членки на ЕУ. Исто така,  поедини ученици од Србија, Турција и Северна Македонија кои     веќе ги користеле можностите од Еразмус + програмите не се подобни за мобилност преку оваа програма. Истото се однесува и за обука и дообука на кадарот- Конференции, семинари- Обуки- Комуникациии, активности за подигнување на свесноста и споделување на информации на национално и регионално ниво
– Активности за создавање и развој на мрежи и размена на добри практики
– Мапирања, анализи и истражувања за најдобрите практики за развој на идни сеопфатни програми за мобилност во стручно образование и обука Крајниот рок за аплицирање е 14 мај 2019 (до 12:00 часот)
 Повеќе детали за повикот и можностите за аплицирање може да најдете на следниот линк:
https://ec.europa.eu/education/resources-and-tools/funding-opportunities/vet-mobility-pilot-2019_en

Извор: Министерство за образование и наука