МОН: Конкурс 100 стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта 2020/2021

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), член 54 од Законот за ученичкиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и 248/20) Одлукaта за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 195/20 и 253/20 и Решение за распишување Конкурс за доделување на 100 (сто) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година бр.19-11893/1 од 27.10.2020 година Министерството за образование и наука распишува КОНКУРСза доделување 100 (сто) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонијаза учебната 2020/2021 година Министерството за образование и наука за учебната 2020/2021 година ќе додели 100 (сто) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија. I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови: 1. да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале најмалку добар успех;2. да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале најмалку добар успех;3. да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или телесниот развој;4. да не повторувале година во текот на образованието; 5. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми; 6. да се државјани на Република Северна Македонија. Критериуми за доделување на стипендиите се остварениот успех, при што бодовите се вреднуваат по принципот оценка=бод.II. НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИУчениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://konkursi.mon.gov.mk а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 27.10.2020 до 09.11.2020 година, од 09-15 часот. Потребните документи за доставување се следните: 1. Евидентен лист, само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2020/2021 година; 3. Копии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);4. Hаод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилник за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или телесниот развој;5. Изјава потпишана од родител – старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на веб страната на министерството; 6. Изјава потпишана од родител – старател дека доставените документи се вистинити, објавена на интернет страницата на Министерството;7. Изјава потпишана од родител – старател за обработка на личните податоци на кандидатот со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет страницата на Министерството; Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е ненавремено доставена. Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 21.12.2020 година на интернет страницата на Министерството. Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 4.12.2020 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА 

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.750,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

 Евидентен лист

 Изјава – кандидатот не е корисник на друга стипендија

 Изјава – согласност за обработка на лични податоци

 Изјава за идентичност на податоци

Извор: Министерство за образование и наука