МОН: Конкурс за 100 стипендии за талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта 2020/2021

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), член 54 став 10 од Законот за ученичкиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и 248/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 195/20 и 253/20) и и Решението за распишување Конкурс за доделување на 100 (сто) стипендии за талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година бр.19-11892/1 од 27.10 година, министерот за образование и наука донесеКОНКУРС за доделување 100 (сто) стипендии за талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонијаза учебната 2020/2021 годинаМинистерството за образование и наука за учебната 2020/2021 година ќе додели 100 (сто) стипендии за талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, од кои 90 (деведесет) стипендии за талентирани ученици од јавните средни училишта во Република Северна Македонија и 10 (десет) стипендии за талентирани ученици од приватните средни училишта во Република Северна Македонија. I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАПраво на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:1. да се редовни ученици од I година, кои во текот на претходните две учебни освоиле најмалку две награди за освоено I, II или III место во поединечна категорија на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на науката, техниката, културата и уметноста, соодветни на струката што ја изучува ученикот во средното училиште (Списокот на предмети значајни за струката е прилог на овој конкурс објавен на интернет страницата на Министерството;2. да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на претходната учебна година освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено I, II или III место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на науката, техниката, културата и уметноста, соодветни на струката што ја изучува ученикот во средното училиште (Списокот на предмети значајни за струката е прилог на овој конкурс објавен на интернет страницата на Министерството;3. да имаат постигнат континуиран одличен успех во досегашното образование;4. да не повторувале година во текот на образованието;5. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;6. да се државјани на Република Северна Македонија.Критериум за доделување на стипендиите се освоените награди во поединечна категорија на државни или меѓународни натпревари. За критериумот освоена награда-и и диплома-и во поединечна категорија на меѓународни или државни натпревари за ученици од I година за освоено I (прво), II (второ) или III (трето) место на меѓународен или државен натпревар од областа на науката, техниката, културата и уметноста, соодветни на струката што ја изучува ученикот во средното училиште, максималните бодови се утврдуваат на следниот начин и тоа: I (прво) освоено место на меѓународен натпревар се вреднува со 5 бодови, а на државен натпревар со 4 бодови, II (второ) освоено место на меѓународен натпревар се вреднува со 4 бодови, а на државен натпревар со 3 бодови и III (трето) освоено место на меѓународен натпревар се вреднува со 3 бодови, а на државен натпревар со 2 бодови.Секоја освоена награда и диплома во поединечна категорија на меѓународни или државни натпревари за ученици од областа на науката, техниката, културата и уметноста, соодветни на струката што ја изучува ученикот во средното училиште се вреднува со дополнителен 1 бод.Наградите-дипломите каде што нема прецизно утврдено освоено место, односно награди-дипломи и пофалници за учество на натпревари без освоено место, наградите-дипломите кои се освоени пред последните две учебни години од основното образование нема да се земат во предвид.За награди освоени на државно ниво ќе се признаваат само награди доделени од акредитирани здруженија на наставници од страна на Министерството за образование и наука кои организираат натпревари на ученици.Под меѓународен натпревар се подразбира меѓусебен натпревар помеѓу ученици од најмалку десет различни држави.Доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година и освоени награди во струката за која се школува ученикот. II. НАЧИН И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИУчениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://konkursi.mon.gov.mk а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 27.10.2020 до 9.11.2020 година, од 09-15 часот. Потребните документи за доставување се следните:Евидентен лист, само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;Потврда дека е редовен ученик во учебната 2020/2021 година;3. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);4. Заверени на нотар фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;5. Доказ за меѓународниот карактер на натпреварот.Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет страницата на Министерството;Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на интернет страницата на Министерството;Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет страницата на Министерството;Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:-уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е ненавремено доставена.Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 21.11.2020 година на интернет страницата на Министерството.Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 4.12.2020 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.970,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.      

 Изјава – кандидатот не е корисник на друга стипендија

 Изјава – согласност за обработка на лични податоци

 Изјава за идентичност на податоци

 Евидентен лист

 Предмети од струката

[  вторник, 27 октомври 2020 ] [  383 ]

Извор: Министерство за образование и наука