МОН: Конкурс за стипендии за постдипломски студии на англиски јазик во Унгарија

Програмата за магистерски студии (Master of Science (MSc) Fellowship Programme) финансирани од Владата на Унгарија, преку Министерството за земјоделство, во соработка со ФАО (Организација за храна и земјоделство на ОН) за учебната 2020-2021 година нуди можности за доделување на стипендии за постдипломски (магистерски) студии за кандидати од повеќе земји меѓу кои и од Република Северна Македонија, за следниве студиски програми:

1. Безбедност на храна и инженерство за квалитет ( Food Safety and Quality Engineering ) – Szent István University;
2. Хортикултурно инженерство ( Horticultural Engineering ) – Szent István University ; и
3. Исхрана на животните и безбедност на добиточна храна (Animal nutrition and feed safety) – Kaposvár University

Право на аплицирање за овие стипендии имаат кандидати со завршени додипломски студии со висок просек, кои не се постари од 30 години и кои одлично го знаат англискиот јазик.


Подетални информации за курсевите, општите услови и формулари за аплицирање можат да се добијат на следнава интернет адреса:
http://www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/1257432/

Аплицирањето се врши единствено по електронски пат , на горенаведената интернет адреса, а крајниот рок за поднесување на апликациите е 28 февруари 2020 година.

Постапката за аплицирање и изборот на кандидатите ги спроведува давателот на стипендиите.

Извор: Министерство за образование и наука