spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Рок за продолжување на правото на студентска стипендија

МОН: Рок за продолжување на правото на студентска стипендија

Се известуваат сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за достава на документите до Министерството за образование и наука почнува на 01.10.2021 и трае до 30.10.2021 година.

Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mkа доколку студентите не се во можност да ги достават електронски истите се доставуваат преку писарницата на Министерството за образование и наука или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје или директно во Министерството.

 За подетални информации контакт телефонот во Министерството е: 076-485-023, Џемиле Ламалари.

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...