МОН: Со квалитетно образование инвестираме во подобра иднина

Министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот Арбен Таравари и германската амбасадорка присуствуваа на потпишување меморандум за соработка помеѓу Институтот “Гете” и општинското основно училиште “Исмаил Кемали” во Гостивар. Со потпишувањето на меморандумот училиштето ја зајакнува, соработката со мрежа од над 2.000 училишта во Германија и светот.

Министерката Царовска истакна дека учењето на странски јазици е богатство. Царовска во обраќањето рече дека МОН ги поддржува сите иницијативи кои се во интерес на унапредување на образованието, вклучувајќи ја и оваа соработка.

“Вложувањето во квалитетно образование значи вложување во нашата држава. Токму затоа се стремиме кон целосна наша интеграција кон ЕУ, којашто значи и интегрирање на европските стандарди во образованието”, рече Царовска.

Градоначалникот Таравари истакна дека посебно му е драго што се започнува една ваква соработка. Ова училиште е едно од шесте училишта во државата кои имаат воспоставено ваква соработка.

Германската амбасадорка Анке Холштајн рече дека училиштето Исмаил Кемали ќе стане дел од една огромна мрежа на училишта каде што се изучува германскиот јазик.
“Повеќејазичноста секогаш ги подобрува шансите на пазарот на трудот. Затоа и ги поддржуваме ваквите проекти”, рече амбасадорката Холштајн.

Извор: Министерство за образование и наука