МОН: Со унапредување на стручното образование го поттикнуваме регионалниот развој

„Навистина е значајно што низ социјален дијалог во овој изминат период се обидуваме да постигнеме заедничко решение за тоа кои профили ќе бидат отворени во средните стручни училишта. Овој карван на социјални дијалози што се одвива помеѓу општините, училиштата и компаниите се води под мотото „Учи паметно, работи стручно“, поради тоа што е дојдено времето да се врати сјајот на средното стручно образование, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на средбата со средните стручни училишта, компаниите и локалните власти во Кичево, на која присуствуваа и заменик министерот Арафат Шабани и градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари.

Идејата на целата оваа активност, потенцираше Царовска, е да ги усогласиме профилите кои што ги нудат средните стручни училишта, да во нив бидат запишани ученици кои ќе бидат поддржани од министерството за образование и наука, за да на крајот тие да можат да изведуваат пракса во реалниот сектор или пак тие да бидат потребни за реалниот сектор.

„На тој начин создаваме еден систем на модерно образование. Овој систем веќе и постои. Странските комапнии во нашата земја веќе ги користат овие модели, заради тоа што се најпознати во германското говорно подрачје во Европа, но е знајачно и за нашите македонски компании да се одзват на овој повик и да учествуваат во воспоставување на квалитетно стручно образование, заради тоа што училиштата се опремуваат тековно и нивниот кадар се подготвува. Исто така се менуваат и програмите и се флексибилни да се усогласени со потребите на компаниите, изјави Царовска, напоменувајќи дека стручното образование зависи од праксата, а таа е најдобро да се одвива директно во компаниите за да можат учениците да учат преку работа.

Освен, рече таа, што ги прилагодуваме профилите на она што е потребно на стопанството, дополнително министерството ќе обезбеди и стипендии за техничките струки од наредната учебна година.„Оваа година ги отворивме повиците за стипендии за техничките струки, и видовме дека имаше одзив од страна на учениците, а наредната година стипендиите ќе бидат бројно поголеми, како и финансиски повисоки од другите видови ученички стипендии, додаде Царовска.

Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари ги поддржа реформите кои ги прави министерството за образование и наука во изминатиот период.

„Кога е во прашање образованието има што доста да се каже. Ние ги следиме сите реформи кои се започнати од страна на министерството за образование и наука, а ваквиот социјален метод овозможува малку поширок социјален дијалог, што ретко се случува.

Средните стручни училишта се важен фактор за приватниот сектор. Денес се овозможи дебата да размениме мислења, а сите тие да бидат вментнати во новата учебна година“, изјави Дехари.

Извор: Министерство за образование и наука