МОН: Стипендии од Фулбрајт програмата (пост-докторски студии) за академската 2020/2021 година

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за учество во Фулбрајт студентската програма, наменет за пост – докторски студии во Соединетите Американски Држави, за академската 2020 – 2021 година.


Сите подетални информации во врска со процесот на пријавување и фазите на селекција во оваа заедничка студентска програма на владите на САД и Република Северна Македонија, се достапни на следниот линк – 
https://mk.usembassy.gov/fulbright-program-competition-for-the-2020-2021-academic-year-is-now-open/

Формуларот за аплицирање може да се преземе од следниот линк:

https://iie.embark.com/apply/visitingscholars или https://foreign.fulbrightonline.org/.

Крајниот рок за пријавување е 1 ноември 2019 година.

Извор: Министерство за образование и наука