МОН: Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација

Министерството за образование и наука, информира дека течат тестирањата, на единствената Национална платформа преку којашто ќе се одвива наставата од далечина од први октомври годинава.

Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици. Со цел да обезбедиме потполно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови.

Исто така, Министерството за образование и наука информира дека во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата.

Извор: Влада