МОН: Во училиштата се воведува нова алатка за саморефлексија при користење на дигитална технологија – СЕЛФИ

Денеска 16 мај 2019 година заменик министерот за образование и наука, д-р Петар Атанасов, оствари координативна средба со претставници од Европската фондација за обука и Заедничкиот истражувачки центар при Европската комисија за пилотирање во 12 училишта на алатката SELFIE.

Примената на SELFIE ќе овозможи насочување на училиштата во процесот на саморефлексија и ефикасно воведување на дигиталните технологии во наставата, учењето и оценувањето на учениците. Планирано е во текот на оваа недела да се спроведе обука за номинираните лица од 12 основни и средни училишта. SELFIE алтаката на национално ниво се планира да се имплементира во учебната 2019/2020 година.

Со оваа алтака на училишно ниво ќе се истражуваат шест области: лидерство, инфраструктура и опрема, континуиран професионален развој, настава и учење, практики за оценување и дигитална компетентност на учениците. Резултатите се споделуваат преку интерактивен извештај без хартија. На системско ниво, СЕЛФИ ќе овозможи преку анонимни агрегирани податоци, преглед на дигиталната подготвеност на училишниот систем во Република Северна Македонија.

Извор: Министерство за образование и наука