МП: Политичките партии да дадат приоритет на европската преспектива на нашата држава

На ден 08.04.2019 година се одржа средба на која се разгледуваше последниот законски текст за Јавното обвинителство. 

Со оглед на тоа што клучните разлики остануваат, двете страни се согласија консултациите за законот да продолжат. 

За крај, уште еднаш потенцираме дека сите политички партии треба да дадат приоритет на европската перспектива на нашата држава, земајќи ги предвид препораките на Европската Унија и меѓународната заедница кои се однесуваат на владеење на правото и правната држава, а кои се клучни за отпочнување на преговори со Европската Унија.

Извор: Министерство за правда