spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Соопштение

МП: Соопштение

По консултација со Управата за извршување на санкциите, Министерството за правда  одлучи оваа година да не проследи предлог за новогодишни групни помилувања, односно листата целосно се поништува.

Ова се прави со цел да се даде време најнапред да се допрецизираат критериумите и законски да се зајакнат филтрите во однос на тоа како се составуваат листите со предлози на лица кој треба да бидат помилувани.

Во Министерството за правда постои работна група која  работи на составување на нов предлог-закон за помилување, со кој ќе се зацврснат критериумите и ќе се дефинираат нови построги услови за тој кој може да биде помилуван. Со тоа сметаме дека ќе минимизираат шансите на овие листи во иднина да се најдат лица кои во јавноста предизвикуваат сомнеж за нормалното функционирање на правниот систем.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...