МТВ: Министерот Бочварски и ДС Трајчулески остварија работна средба со директорот на Царинска управа Сугарески

Ве информираме, вчера министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и државниот секретар Митко Трајчулески остварија работен состанок со директорот на Царинската управа, Горан Сугарески.

На средбата која се одржа во просториите на Царинската управа, се разговараше за тековните проекти што заеднички ги реализираат Министерството за транспорт и врски и Царинската управа.

Фокус на средбата беше модернизација на сите гранични премини преку проширување на инафраструктурата и опремување со современа ИТ опрема за мониторинг со цел брз проток на стока и патници.

На состанокот се отвори и прашањето за забрзување на постапките за отворање на граничниот премин Маркова нога кон Република Грција и граничниот премин Клепало кон Република Бугарија.

Министерот Бочварски истакна целосна подготвеност за реализација на овие значајни инфраструктурани проекти и нагласи дека Министерството за транспорти врски со целиот капацитет ќе овозможи брза реализација.

 “Имав одлична средба со поранешниот министер за транспорт и сегашен директор на Царинската управа, Горан Сугарески. Институциите со кои раководиме имаме проекти од заеднички интерес на пример проширување на инфраструктурата на граничните премини,  воведување на нови ИТ решенија поради побрз проток на стока и патници и се согласивме дека заеднички ќе работиме на брза реализација на ваквите проекти. Разговаравме и во делот на надлежностите што ги има министерството за транспорт и врски за отворање на новите граични премини Маркова нога и Клепало и дадов уверување дека се што е во наша надлежност ќе ги забрзаме процесите за да се создадат услови за отворање на истите како предуслов за регионално поврзување и зголемување на пограничната соработка со соседите,” истакна Благој Бочварски, министер за транспорт и врски. 

Извор: Министерство за транспорт и врски