МВР: 139 санкции за непрописно престигнување, 66 за возење под дејство на алкохол

 Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.12.2020) спроведе акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување и возење под дејство на алкохол, прекршоци кои се меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици.

На територијата на целата држава санкционирани се 139 возачи за непрописно престигнување, а 66 возачи затоа што возеле под дејство на алкохол. Санкционирани се и 418 други прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Извор: Министерство за внатрешни работи