МВР: Донација на заштитна опрема за Општа Болница Куманово

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во присуство на началникот на секторот за внатрешни работи од Куманово, Антон Витков вчера предаде заштитна опрема наменета за општата болница во Куманово.  Донацијата се состои од заштитни одела, визири, ракавици и маски кои министерството за внатрешни работи ги доби од своите пријатели од Словенија и Унгарија.

Денеска е  Светски  ден на здравјето и во таа насока со оваа  донација сакаме да дадеме поддршка на докторите и сите здравствени лица во извршување на своите секојдневни обврски и задачи.  Во оваа прилика сакам во мое име и во име на Министерството за внатрешни работи да изразам огромна благодарност и почит до лицата во бели  мантили кои со својата посветеност и пожртвуваност секојдневно спасуваат многу човечки животи. Свесни сме за ризикот на кој тие се изложени секојдневно, но и нивната важност и значајност во овој момент и во таа насока и во иднина со сите расположливи капацитети ќе им бидеме од целосна  помош и поддршка. Меѓусебната и меѓуинституционална поддршка е клучна во време во кое сите водиме тешка битка со невидлив непријател, истакна министерот Чулев при предавањето на донацијата.

Директорката на Општата болница Куманово, Снежана Захариева изрази благодарност за донацијата при што истакна дека ја поздравува оваа иницијатива од страна на Министерот Чулев и  Министерството за внатрешни работи која доаѓа во вистински момент кога здравствените работници секојдневно ги водат најтешките битки.

Извор: Министерство за внатрешни работи