МВР: Приведен сопственик на угостителски објект поради непочитување на Ковид мерките

На 16.12.2020 околу 21.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.И.(33) од Тетово затоа што неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово работел со гости по дозволеното време и не ги почитувал мерките за справување со коронавирусот. Ф.И. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Извор: Министерство за внатрешни работи