МВР: Затворен угостителски објект, поради непочитување на мерките за спречување на ковид-19

 На 18.12.2020, во периодот од 17.30 до 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола на 36 угостителски објекти на териториите на општините Куманово и Липково, во врска со почитување на одлуките на Владата на Република Северна Македонија за работното време, како и држење на дистанца, точење алкохол на малолетници и други прекршоци.

При извршената контрола во 17.30 часот, во угостителски објект во с.Никуштак, општина Липково, сопственост на А.Р.(29) од с.Никуштак, на една маса биле затекнати повеќе лица од дозволеното, односно од страна на угостителот не е почитуван протоколот од Уредбата на Владата за спречување на ширењето на Ковид 19. Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил привремено затворен. 

Извор: Министерство за внатрешни работи