МВР:Угостителски објект, работел по дозволеното време

На 03.12.2020 во 22.20 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека угостителски објект во село Трубарево работи после 21.00 часот.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека објектот работи  и во него има гости.

Во полициска станица бил извршен разговор со сопственичката С.С.(46) од Скопје и по целосно документирање на случајот, во координација со Државниот пазарен инспекторат против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Извор: Министерство за внатрешни работи