МЗ: Обезбеден превоз на здравствените работници во Скопје

Министерството за здравство информира дека за вработените во јавно-здравствените установи во градот Скопје кои треба да бидат на своите работни места за време на забраната за движење во работните денови и за време на викендот – обезбеден е организиран автобуски превоз од страна на Јавното сообраќајно претпријатие и Градот Скопје.

Превозот за вработените за време на полицискиот час ќе биде организиран со линиите: 5а, 9, 22а, 41а и 50 на следниот начин:

1) Поаѓања во работните денови од Дексион, од Скопје Север, од Лепенец, од село Драчево и од Хиподром према Клинички центар е во 18:45 часот;

2) Поаѓања во работните денови од Клинички центар према Дексион, Скопје Север, Лепенец, село Драчево и Хиподром е во 19:40 часот;

3) Поаѓања за време на викенд од Дексион, од Скопје Север, од Лепенец, од село Драчево и од Хиподром према клинички центар ќе има во 06:40, 12:40 и 18:45 часот;

4) Поаѓања за време на викенд од клинички центар према Дексион, Скопје Север, Лепенец, село Драчево и Хиподром ќе има во 07:40, 13:40 и 19:40 часот.

Овој возен ред почна да важи од вчера (среда, 08.04.2020 година).

Извор: Министерство за здравство