МЖСПП: Осогово Лично и Различно!

Да го зачуваме специфичниот „Осоговски рурален предел“ кој се формирал низ годините како резултат на карактеристичната поврзаност меѓу луѓето и природата и исклучителните природни, културни и историски вредности на Осоговските Планини.

Заштитата на дел од Осоговските Планини во катерогија V – заштитен предел, значи зачувување на природните вредности, обезбедување на одржливо управување сo природата и правилно користење на природните ресурси, но истовремено и поквалитетен живот на населението, подобра инфраструктура, развој на мали бизниси, земјоделие, туризам и брендирани производи.

Уживајте во убавините и богатството на Осогово! (кликни на сликата да го погледнеш видеото)

За зачувано Осогово какво што сакаме да биде: чисто, зелено и развиено!
#ДаГоЗачувамеОсогово
#ОсоговоИЛичноИРазлично #брегалничкислив #CHinMK 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање