МЖСПП: Платформа за еколошко право ќе обезбеди научно-стручна поддршка и партнерство

Заменик министерката Оџаклиеска во поздравното обраќање на настанот за презентирање на Платформата за еколошко право информираше за значањето на воспоствување на добра законска регулатива која ќе го обезбеди со устав загарантираното право за здрава животна средина и прекршочна политика што ќе има одвраќачки ефект врз сторителите на прекршоци во животната средна.

Во излагањето Оџаклиеска информираше за евидентниот напредок на МЖСПП во усогласувањето на националното законодавство со европското, но и за напорите за подобро регулирање на правото и обврските на национално и локално ниво, пред се со измени и дополнувања на осум  закони од областа, како и подготовката на пакет од шест сосема нови закони кои го регулираат управувањето со отпадот. Секако, според неа од големо значење е рано вклучување на засегната и стручната јавноста за да имаме што подобри и поприменливи закони, нагласувајќи дека единствено преку заедничка заложба може да се зајакне имплементацијата и постигнувањето на меѓународните еколошки стандарди.

Платформата за еколошко право има за цел обезбедување на научно-стручна поддршка и партнерство помеѓу сите државни органи кои имаат надлежност да се справат со еколошките приоритети од една страна, и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), здруженијата на граѓани и експерти од другата страна.

Настанот е во организаација на Центарот за правни истражувања и анализи кој во периодот од oктомври 2020 до март 2021 година го имплементира проектот „Воспоставување ефикасна и ефективна еколошка правда“ како дел од програмата Good Governance Fund, финансиран од UK aid преку Владата на Обединетото Кралство.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање